Изјавата на претседателот на македонско–бугарската комора, Кирил Лазаров, е тенденциозна, апсолутна неточна и паушална, реагираат од МЕПСО. Лазаров, велат, без каква било стручна аргументација, пречката за досега неиспорачаната количина електрична енергија од Бугарија ја лоцира во трансформаторите, со образложение дека не можат да ја издржат бараната количина електрична енергија. Всушност, потенцираат од МЕПСО, пречките се кај бугарската страна.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Постојат неколку причини поради кои првично договорените 200 мегават часови електрична енергија во овој момент не можат да бидат испорачани во Р.С. Македонија и тие во ниту еден случај не можат да се лоцираат на македонската страна. Преговорите во кои се вклучени претставници на двете влади и стручни тимови од енергетските компании за производство и за пренос на електрична енергија, со единствена цел испорака на поевтина електрична енергија како помош за македонското стопанството, беа водени на највиско професионално ниво и беа земени предвид сите технички можности и законски регулативи во двете земји“, потенцираат од МЕПСО.
Македонската јавност, нагласуваат, е веќе запозната со некои од факторите кои доведоа до оваа ситуација, а тоа се строгите закони и правила за доделување на прекугранични капацитети за испорака на договорената електрична енергија кои доколку се прекршат, можат да предизвикаат нарушување на пазарот на електрична енергија. Дополнително отежувачка околност е обврската електрична енергија произведена во Бугарија да мора да се понуди на бугарската берза, и со оглед на тоа не може да биде определено кој снабдувач ќе ја добие таа електрична енергија, се вели во реакцијата.
Тимовите на Македонија и Бугарија се целосно посветени на надминување на овие предизвици па оттука, во вакви услови, неоснованите тврдења на Лазаров се не само непродуктивни, туку и штетни, реагираат од МЕПСО.
„Во оваа прилика АД МЕПСО сака да посочи дека електропреносната мрежа е во извонредна кондиција, дека сите планирани ремонти и ревитализации се навреме и квалитетно завршени и дека преносната мрежа во Р. Северна Македонија е подготвена да прими неколкукратно повеќе мегават часови електрична енергија од посочените 200 мегават часови“, се додава во реакцијата.