Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед паузата поради Мундијалот во Катар ја користи за мини-подготовки со фудбалерите кои немаат репрезентативен ангажман, меѓу кои има многу првотимци, кои, пак, се посрамотија во првата контрола одиграна во Шпанија.
„Ѓаволите“ синоќа одиграа пријателски меч против Кадиз и загубија со 2-4, во меч во кој тренерот Ерик Тен Хаг настапи со два различни тима, од кои за првиот настапија играчи како Линделоф, Ван Бисака, Вилијамс, МекТоминеј, Ван де Бек, Еланга, Гарначо и Марсијал. Холандскиот стратег посебно ги искритикува фудбалерите кои излегоа на теренот во почетниот состав, оценувајќи го нивниот пристап во првите 15 минути како – неприфатлив.