Лусаил, 18 декември 2022 (МИА) – Аргентина трет пат во историјата стана светски првак во фудбал совладувајќи го вечерва во спектакуларно финале во Лусаил бранителот на трофејот Франција на пенали со 4-2 (2-2, 2-0).
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
За Аргентина, која го играше своето шесто мундијалско финале, ова е прва светска титула по пауза од 36 години, а нејзиниот капитен Лионел Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата блескава кариера.
Аргентинците комплетно доминираа во првиот дел и поведоа во 23. минута преку Лионел Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија.
Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси.
Франција прв пат упати директен удар кон противничкиот гол во 80. минута кога Килијан Мбапе од пенал ја преполови негативата, а само 60 секунди подоцна напаѓачот на ПСЖ го израмни резултатот со својот втор гол на натпреварот.
Меси во 110. минута од продолжението повторно ѝ донесе водство на Аргентина, но Мбапе пет минути подоцна израмни од пенал и стана само втор играч кој постигнал хет-трик од игра во финале на светските првенства.
Во пенал серијата за Аргентина беа прецизни Меси, Дибала, Паредес и Монтиал, додека во францускиот состав реализираа Мбапе и Коло Муани, но аргентинскиот голман го одбрани ударот на Коман, а Чуамени биеше непрецизно од белата точка.