Француската фудбалска репрезентација не успеа да го одбрани трофејот на Светското првенство (СП), откако во финалето беа поразени на пенали од Аргентина.
Селекторот Дидие Дешан беше разочаран од резултатот, но кажа дека неговите момци имаат големо срце и тоа го покажале на теренот.
„Вложивме многу енергија и се боревме за да се вратиме во мечот, а кога се вративме, победата ни избега. Затоа е уште потешко. Секако дека сме разочарани, дадовме сè од себе. Моравме да се соочиме со пречките. Нашите глави се кренати, се вративме од невозможното. Верувавме до крај, овие момци покажаа дека имаат големо срце“, кажа Дешан.