септември 8, 2024

Момче во Белград скокна од трамвај во движење поради предизвик на Тик ток. За среќа останало неповредено. Видеото кое за брзо се сподели на социјалните мрежи, преизвика реакции кај голем број луѓе, а најмногу родителите. На видеото се гледаат две момчиња како се возат закачени за задниот дел од трамвајот.

Пишуваат дека некој можел да наиде и да го убие и дека немало да биде одговорно детето, туку возачот кој ќе морал да живее со тоа целиот живот. Повторно би се удирало по државата и јавниот превоз како и обично, веќе видено досега. Родители, гледајте ги подобро децата пред да биде предоцна.

„Наместо децата да имаат играчки, тие имаат мобилни телефони и социјални мрежи, затоа стигнавме до каде што сме, сè се прави спротивно од тоа како треба. Полесно е да го турнете телефонот во рацете на детето отколку да го насочите кон други работи“, коментирале загрижени родители.

 

 

The post (Видео) Mомче во Белград скокна од трамвај во движење поради предизвик на Тик ток appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK