октомври 18, 2024

Бебе се родило во Унгарија со потполно бела коса. Фотографиите за брзо се споделуваа по социјалните мрежи. Бебето се вика Бенце но многумина веќе му го доделија прекарор, малиот принц.

Докторите се изненадиле кога го виделе. Прво помислиле дека станува збор за албино, но потоа утврдиле дека само неговата коса е без пигмент. Албинизмот е сè уште непознат, но е познато дека може да се најде кај сите раси и етнички групи. Се карактеризира со делумен или целосен недостаток на пигмент.

Докторите седата коса потоа ја препишале на потснаталниот стрес, но д-р Золтан Кумер ја негира и таа можност. Свое мислење за овој случај дале доктори од целиот свет и сите се согласуваат дека неговата коса моментално е без пигмент, како и дека за неколку години ќе потемни и ќе добие боја.

Во просек, косата станува седа кога некој ќе наполни 32 години, но за да стане целосно бела, треба да сте во доцните педесетти или шеесетти. Бенце во моментот на раѓањето имал 5.400 грама и бил долг 54 сантиметри.

The post (Видео) Бебе родено со седа коса стана хит, докторите немаат објаснување за феноменот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK