Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера го пушти во сообраќај Моравскиот коридор. Должината на Моравскиот коридор е 110 километри и поврзува два автопати, автопатот Белград-Ниш и автопатот „Милош Велики“. За Македонија е значајно што и оваа делница ја градеше „Бектел и Енка“, но за двојно пониска цена за речиси истите километри.
Во Србија чини 750 милиони евра а во Македонија засега 1,3 милијарди евра. Па така километар автопат во Србија од Бехтел и Енка чини седум милиони евра а во Македонија 20 милиони евра.
Дека нема споредба меѓу она што допрва ќе се гради во Македонија покажува и тоа што Моравскиот коридор е првиот автопат изграден со комплетна оптичка инфраструктура. Тоа е првиот смарт автопат.
Што тоа значи
Возилата ќе читаат сообраќајни знаци и ќе успоруваат за да не можете да возите колку што сакате. Доколку се случи сообраќајна незгода, сите возила кои ќе наидат автоматски ќе успорат за да не се создаде метеж.
The post За двојно пониска цена „Бектел и Енка“ во Србија изгради смарт автопат appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде