ноември 21, 2024

Претседателите на државата, на Собранието и на Владата за неколку дена ќе добијат повисоки плати за околу 70 илјади денари. Платите на претседателот на Уставниот суд и потпретседателите на Собранието ќе бидат повисоки за околу 60 илјади денари, а на министрите и пратениците за околу 56 илјади, анализира Радиото Слободно Европа на македонски јазик.

Функционерите за неколку дена ќе почнат да добиваат плати повисоки по околу 1000 евра, по одлуката на Уставниот суд, според која платите на функционерите можат да се зголемат за речиси 80 проценти.

Платите на функционерите се пресметуваат така што основицата се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата. Законот за плати на функционери предвидува основицата да биде просечната плата од претходната година, но со години беше замрзната на пониско ниво. Судот на 21 март одлучи да го укине замрзнувањето, по што платите значително ќе се зголемат.

The post Просечната плата повторно ќе порасне: Пендаровски, Џафери и Ковачевски ќе добијат покачување од 70.000 денари, досега земаа плата по 90.000 appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK