ноември 26, 2024

Македонскиот фудбалер Горан Пандев влезе во легендите на Интер. Тој пред дербито со Лацио го доби неговиот дрес со бројот 27 кој го носеше во овој тим во 2009/2010-та кога Интер освои шампоионска титула, купот и Лига шампиони.

Пандев играше за двата клуба во текот на неговата кариера, а доби овации од фановите на „Џузепе Меаца“.

„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Се надевам дека Интер и со два добри натпревари против Милан ќе обезбеди финале во Лигата на шампионите“, изјави Пандев.

Пандев со Интер освои шест трофеи и одигра 69 натпревари.

LEGEND: Goran Pandev #InterLazio @Inter_en pic.twitter.com/ocbcRQGwru

— Lega Serie A (@SerieA_EN) April 30, 2023

The post (Видео) Стоечки овации од фановите на „Џузепе Меаца“ и дрес од Интер за Горан Пандев appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK