Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ многу често ги споделува своите искуства и размислувања со широката публика која ја следи на социјалните мрежи, а здравјето на Јелена Ѓоковиќ беше една од темите за кои таа без ни малку размислување зборуваше за медиумите.
Јелена често разговара со своите следбеници за трогателни теми, како родителството и други проблеми со кои се соочуваат многумина во секојдневието, но не се воздржува кога се во прашање нејзините искуства, а искрено зборуваше и за анксиозноста со која имала можност да се соочи.
– Понекогаш се чувствував преоптоварено, што многу влијаеше на моите резултати и отвореност за нови искуства, учење и пријателства. Вознемиреноста и стресот не се шега – е пораката на Јелена Ѓоковиќ која се приклучи на тимот експерти задолжени за овој важен и се почест проблем, особено кај помладите генерации.
Следете не, не има насекаде