ноември 23, 2024

Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци собра шест глава во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и се пласираше во следниот круг.

Ментор на Милица во шоуто е Мили, а таа отпеа две песни „Солзи з акрај“ од Даница Крстиќ и „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша.

Милица имаше подготвено два сталинзи за двете песни. На првата песна носеше црно боди со долги ракави и долга, широка суќња во портокалова боја. Стајлингот го надополнила со шешир од пердуви и висечки монистра на рамената и вратот.

Ѓорѓе Давид го пофали настапот на Милица.

„Ти си сериозна хиена. Ти не беше изненадување, ти вечерва си лавина. Капа ти симнувам“, рече Ѓорѓе.

Убави збориви Милица доби и од Босанец, кој се смета за член од жирито кој ретко ги фали натпреварувачите.

„Првата кандидатка беше совршена, високите тонови убиваат, ниските се разбирливи. Стајлинг, секоја чест. Ти си македонска змија. Вечерва за мене ти беше убедливо најдобра од сите“, рече Босанец.

The post Милица Трајков од Кавадарци со два стајлинзи го воодушеви жирито на „Гранд“: ти си македонска змија и сериозна хиена appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK