Работниците се лути на функционерите кои си добија покачување на платите за 78 отсто, а минималната плата ја зголемуваат за 2.000 денари. Тие при говорот на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, викаа „уа“ додека тој говореше за функционерските плати.
Денес ќе им се обратиме на оние кои си покачија платите за 78 проценти а нас не убедуваат дека 2.000 денари се доволни. Е па не може вака. Мора да добиеме и ние покачување за 78 отсто, исто како нив. Ќе им се случи народ бидејќи не се грижат за работниците“, рече Димовски.
Протестниот марш по повод 1-мај продолжува од пред седиштето на Сојузот на синдикати, пред Собранието, па пред Владата.
МакФакс
The post Работниците до функционерите: Си ги покачивте платите за 78 отсто, а не убедувате дека 2.000 денари се доволни – ќе ви се случи народ appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде