ноември 21, 2024

Има голем број индиции дека навистина имало напад врз седиштето на Вагнер во Луганск

Во текот на викендот, украинските сили нападнаа хотел во кој престојуваа членови на руската приватна воена група Вагнер, убивајќи многу од нив, изјави украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Гајдај.

Во интервју за украинската телевизија, тој рече дека во саботата силите извршиле напад врз хотел во градот Кадиивка, западно од главниот центар на областа Луганск. Фотографиите објавени на Телеграм ги покажуваат урнатините на зградата.

Гајдај тврди дека „таму се наоѓал штабот на Вагнер“ – Голем број од оние што биле таму загинале, рече тој.

За нападот на наводниот штаб на руската платеничка група пишува и новинарот на Гардијан, Ендрју Рот, кој моментално е во Москва. Рот, како и другите западни новинари, истакнува дека не е можно самостојно да се потврди дека седиштето на Вагнер навистина се наоѓало во урнатините на хотелот, ниту дека во нападот загинале голем број руски платеници.

Сепак, тој наведува дека има голем број индиции дека навистина имало напад врз седиштето на групацијата Вагнер. За почеток, руските државни медиуми објавија дека хотелскиот комплекс во градот Кадиивка (Русите го нарекуваат Стаханов) навистина бил погоден од артилериски оган во неделата.

Понатаму, фотографиите и видеата кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека дел од хотелскиот комплекс навистина е претворен во урнатини.

Нападот е извршен со ракетниот систем ХАЈМАРС. Во зградата беа членовите на групата Вагнер, напиша на Телеграм прорускиот воен блогер Александар Симонов. За време на војната, тој постојано објавувал снимки и фотографии од Вагнер-ите.

Исто така, забележува Рот за Гардијан, претходно во војната имаше гласини дека хотелскиот комплекс во Кадиивка служел како сместување за руските офицери кои се борат во Луганск.

Во однос на бројот на жртвите од овој напад, многу е нејасно колку луѓе загинале, а колку се ранети. На видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа само дека неколку ранети чекале лекарска помош.

На едно од видеата се гледа како група луѓе во маскирни униформи стојат околу дел од проектилот и зборуваат за нападот, за кој тврдат дека бил насочен кон руските сили кои се борат во Украина.

Меѓутоа, она за што најмногу пишуваа социјалните мрежи беше всушност една постара фотографија, на која се гледа како Павел Пригожин стои до хотелот (пред да биде нападнат, оп.а.). Ова е син на шефот на Вагнер групацијата, Јевгени Пригожин.

Now this makes things far more interesting. Here’s a Telegram post claiming that Pavel Prigozhin — the Wagner founder’s son — was at this Kadiivka hotel that was HIMARS-ed this weekend.https://t.co/IRF7FiWSUP

— Aric Toler (@AricToler) December 12, 2022

Како што претходно беше објавено дека Павел Пригожин се борел во Украина со групата Вагнер, веднаш почнаа да се шират шпекулации дека тој е меѓу загинатите во нападот на хотелскиот комплекс.

Затоа, неговиот татко Евгениј реагираше брзо и со кратка изјава во која тврди дека Павел е жив и здрав:

Не грижете се. Се е во ред со мојот син, напиша Прижогин на Телеграм, но не соопшти никакви детали за нападот на хотелскиот комплекс.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK