Состојки:
– 700 гр рендана тиква
– 500 гр кора за пита
– четири лажици шеќер
– малку цимет
– 100 гр суво грозје
За премачкување:
– две јајца
– една чаша шеќер
– три чаши јогурт
– една чаша масло
– еден прашок за пециво
– две пакетчиња ванилин шеќер
Домашна ПИТА ОД ТИКВА: Со гриз и ОВОЈ додаток ќе ги освои сите на првиот залак!
Подготовка:
– Сувото грозје прелијте го со топла вода и оставете го на страна.
– Јајцата се матат и се додаваат маслото и јогуртот.
– Засладете со шеќер и ванилин шеќер.
– Додадете гриз и прашок за пециво и измешајте со жица. Овој фил ќе направи корите да изгледаат домашно.
– Зашеќерете ја и тиквата и измешајте. Можете да користите мед наместо шеќер.
– Додадете цимет по желба. Наредете 3 кори една врз друга.
– На првите две ставете 3 лажици фил, а на третата наредете ја тиквата и малку исцедено суво грозје и свиткајте во ролна.
Повторете ја постапката се додека имате материјали. Наредете во подмачкана тава или тавче со хартија за печење.
– Одозгора премачкајте ако ви остане фил.
– Печете на 200 степени околу половина час.