На 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 45. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе биде презентиран трудот:
„Оценка на кредитниот јаз со примена на мултиваријационен Ходрик-Прескот филтер. Случајот на Северна Македонија” од Магдалена Петровска, Елена Мучева Михајловска и Артан Сулејмани.
По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.
Народната банка објави повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 22 декември 2022 година (четврток).
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.
The post Оваа недела ќе се одржи 45. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде