ноември 21, 2024

Претседателката на Перу, Дина Болуарте најави смена на премиерот Педро Ангуло, како дел од реконструкцијата на нејзиниот кабинет.

Ангуло премиерската функција ја извршува само една недела.

Смените во Владата предвидени се за денеска и утре, а уследија откако министерката за образование Патриша Кореа и министерот за култура Хер Перес на 16 декември поднесоа оставки поради смртта на демонстрантите за време на немирите.

Пред три дена новата влада воведе вонредна состојба и ја ограничи слободата на собирање на граѓаните, но и покрај тоа продолжуваат демонстрациите.

Болуарте е претседателка на Перу од овој месец, откако нејзиниот претходник Педро Кастиљо беше разрешен од функцијата и потоа притворен откако незаконски го распушти Конгресот.

Откако Болуарте ја презеде функцијата во Перу се одржуваат масовни протести на приврзаниците на Кастиљо, при што загинаа повеќе од 20 луѓе

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK