Францускиот претседател Емануел Макрон за време на територијалната седница на Националниот совет за обнова, посветена на здравство во Фонтен-ле-Конт, во близина на Поатје, објави дека пристапот до кондоми ќе биде бесплатен во аптеките за млади на возраст од 18 до 25 години од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА.
„Во аптеките кондомот ќе биде бесплатен за 18/25 години. Одлуката ќе почне да се применува на 1 јануари и претставува мала превентивна револуција “, рече претседателот Макрон за време на седницата на Националниот совет за обнова посветена на здравјето на младите луѓе
Следете не, не има насекаде