ноември 24, 2024

САД планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, што ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата на ирански беспилотни летала во војната против Украина, изјавија двајца американски претставници.

Според нив, санкции ќе има и за Кина поради, како што тврди Вашингтон, нелегалниот риболов на Пацификот, додека расте загриженоста за евентуалниот кинески прекумерен риболов и ширењето на кинеското влијание на море.

Повеќето од санкциите, објавени од весникот „Вол стрит Џурнал“, ќе бидат наметнати според таканаречениот глобален „закон Магнитски“ од 2016 година, што на американската Влада и дозволува воведување санкции за странски владини претставници за кои се смета дека ги кршат човековите права, замрзнувајќи ги нивните средства и им забранува влез во САД.

САД го осудија извозот на ирански воени беспилотни летала во Русија, која ги користи во својата војна против Украина, а санкциите се очекува да погодат некои лица вклучени во руската воена индустрија и поврзани со снабдувањето со ирански беспилотни летала за Русија, изјавија официјални лица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK