ноември 22, 2024

 Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања,  само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.

Албанските малолетници  се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја.

Вкупниот број на малолетни имигранти Албанци без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња.

Јавна тајна е дека децата до Италија пристигнуваат со родителите по што тие се враќаат во Албанија.

Децата ги оставаат таму бидејќи според италијанските закони загарантирано им е згрижување и образование до нивната полнолетност, по што се вклучуваат во италијанскиот општествен живот.

Ваквата појава е присутна со години наназад, со различен интензитет, со цел, како што велат самите родители, да ги “спасат од сиромаштијата и да им обезбедат подобар живот”.

Албанската дијаспора во Италија брои над 400 илјади и е втора по бројност, по онаа во Грција. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK