ноември 21, 2024

Не очекува уште една тешка година за бизнисот со високи цени на енергијата и скапи прехранбени производи, смета извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев.

– Ситуацијата со воените дејствија во Украина продолжува и не гледаме смирување на тој сегмент. Тоа значи дека енергијата повторно ќе достигнува високо ниво. Добра вест е што Македонија поминува низ прилично топла зима, која делумно ги намали трошоците на компаниите и мислам дека постепено го забрза процесот на воведување на алтернативни извори за снабдување со електрична енергија, рече Пешев во одговор на прашањето „каква ќе биде наредната 2023 година од економски аспект”, даден пред почетокот на официјална промоција на Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата” во Стопанската комора.

Тој нагласи дека значаен дел од нивните членки веќе интензивно работат на поставување на фотоволтаични системи или се во процес на завршување на работите.

– Владата го разбра нашиот повик дека треба да се либерализира тој сегмент и мислам дека во изминатиот период видовме исклучително висок број на компании кои инвестираа средства што не биле наменски подготвени за оваа година, но токму заради кризата тоа го прават, рече Пешев.

Тој нагласи дека не функционирањето на Украина предизвикува проблеми и со пазарот со храна, а тоа, потенцира, секако ќе се одрази и на цената на основните прехранбени производи.

– Значаен дел од суровините во македонската прехранбена и преработувачка индустрија доаѓаат од тие пазари. Добра вест е што Србија има исклучително отворена политика, особено откога сме членки на Отворен Балкан. Мислам дека тоа малку ќе ја ублажи кризата. Се надевам дека Владата нема да прибегне кон зголемување на даночното оптоварување на компаниите кои и вака се наоѓаат во исклучително тешка состојба, укажа Пешев.

The post Пешев: И 2023. ќе биде тешка година за бизнисот appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK