Погребот на Синиша Михајловиќ се одржа денеска во Рим, а како што пишуваат италијанските медиуми, присуствувале Франческо Тоти, Роберто Манчини, Џиџи Донарума, Дејан Станковиќ и многу други легенди на италијанскиот фудбал и пријатели на овој прославен спортист.
Синиша Михајловиќ, легендарниот српски фудбалер, почина на 53-годишна возраст.
Михајловиќ веќе неколку години се бореше со леукемија.
Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Израснал во Борово, каде што стана професионален фудбалер во 1986 година.
Две години подоцна се пресели во Нови Сад во Војводина, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда со која стана европски и светски првак.
По две сезони минати на „Маракана“, тој се пресели во Италија, каде го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и на Интер.
Со Лацио и Интер беше шампион на Италија, а со римскиот клуб го освои и Купот на победниците на куповите и Суперкупот на УЕФА.
Проглaсен е за најдобар фудбалер на Југославија во 1999 година.
За репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна десет гола.
Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и на крајот Болоња. Беше и селектор на Србија.
Претходните денови имаше информации дека состојбата му се влошила, но повеќето од неговите обожаватели веруваа дека и овој пат ќе издржи.
Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Израснал во Борово, каде што стана професионален фудбалер во 1986 година.
Две години подоцна се пресели во Нови Сад во Војводина, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда со која стана европски и светски првак.
По две сезони минати на „Маракана“, тој се пресели во Италија, каде го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и на Интер.
Со Лацио и Интер беше шампион на Италија, а со римскиот клуб го освои и Купот на победниците на куповите и Суперкупот на УЕФА.
Проглaсен е за најдобар фудбалер на Југославија во 1999 година.
За репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна десет гола.
Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и на крајот Болоња. Беше и селектор на Србија.
Следете не, не има насекаде