декември 3, 2024

За првпат во историјата на фудбалот, Светското првенство се одржа во зима наместо во лето, но тоа не беше никаква пречка првенството да се одвива во најдобар ред, а фудбалерите да приредат вистински спектакл на теренот.

Заврши Светското фудбалско првенство во Катар, кое во изминатите месец дена за љубителите на фудбалот ширум светот донесе голема возбуда и големи изненадувања.

Аргентина е новиот светски шампион во фудбал, а на предводникот на оваа репрезентација, Лионел Меси, му се оствари најголемиот сон – да ја освои шампионската титула на мундијалот, која му недостасуваше во низата освоени трофеи. Исто така, Меси беше прогласен и за најдобар играч на СП во Катар, а Килијан Мбапе од репрезентацијата на Франција е прогласен за најдобар стрелец на турнирот.

Светското фудбалско првенство во Катар беше специфично и уникатно по многу нешта, особено по нештата кои за првпат се случија на ова првенство. Во продолжение ТРТ Балкан ви презентира седум работи кои за првпат се случија на едно светско фудбалско првенство.

Прв мундијал во зима и за првпат во арапска земја

Катар е првата арапска земја домаќин на Светското првенство во фудбал, која се покажа како одличен домаќин.

За првпат во историјата на фудбалот, Светското првенство се одржа во зима наместо во лето, но тоа не беше никаква пречка првенството да се одвива во најдобар ред, а фудбалерите да приредат вистински спектакл на теренот, правејќи потези и постигнувајќи извонредни голови и резултати за кои уште долго ќе се раскажува.

На официјалната церемонија на отворањето на првенството на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Кор, светот го воодушеви познатиот актер Морган Фриман со своето присуство и настап во воведниот дел од церемонијата. Со Морган Фриман, среде големата сцена се појави и Ганим ал Муфтах, 20-годишно момче родено со синдром на каудална регресија, воедно и најмладиот амбасадор на некое СП во фудбал. На отворањето ал Муфтах рецитираше делови од светата книга Куранот, што исто така, за првпат беше видено на отворање на Светско првенство во фудбал.

Забранета продажба на алкохол

На ова Светско првенство, првпат е забранета продажбата на алкохолни пијалаци на стадионите на кои се играат натпреварите од турнирот. Во пресрет на мундијалот, ограничувањата на продажбата на алкохол, исто така, привлече големо внимание, но навивачите на крајот го отфрлија ова прашање, при што мнозинството, главно женски навивачи, беа со став дека оваа одлука доведе до побезбеден мундијал.

Во фудбалската магија во Катар уживаа сите генерации од целиот свет, а меѓу нештата кои за првпат беа видени на едно Светско првенство е присуството на стадионите на голем број жени со марама, кои ги следеа фудбалските натпревари.

Мундијалот во Катар донесе и бројни изненадувања во поглед на очекуваните резултати од натпреварите, со оглед на тоа што секогаш пред големите спортски натпревари, учесниците се делат на фаворити и аутсајдери.

Прва африканска земја што го победила Бразил

На ова првенство, за првпат заливската држава Саудиска Арабија во групната фаза од натпреварувањето го победи новиот светски шампион Аргентина, а Тунис ја победи фаворизираната Франција која на мундијалот ја бранеше титулата светски првак. Ова беше прва победа над Франција на оваа репрезентација по повеќе од педесет години.

Камерун станува првата африканска репрезентација која победила против Бразил на Светското првенство.

Мароко испиша историја

Репрезентацијата на Мороко важи за најпријатното изненадување на овој фудбалски мундијал. Со борбеноста на теренот, желбата за победа и начинот на игра беа само дел од причините поради кои мароканските фудбалери ги освоија симпатиите на фудбалската јавност глобално. Мароко со самиот пласман во полуфиналето ја испиша историјата, не само својата, туку и на африканскиот фудбал. Мароко стана првата африканска репрезентација која влезе меѓу четирите најдобри селекции на светот.

На ова Светско првенство, првпат сите пет африкански селекции беа предводени од национални селектори.

Нови правила

На Мундијалот во Катар за првпат се воведени и неколку нови правила. ФИФА го зголеми бројот на фудбалери во секоја екипа од 23 на 26. ФИФА во одбрана на оваа промена рече дека е потребно да се задржи дополнителна флексибилност поради уникатното временско усогласување на Светското првенство.

Светското првенство дозволи пет замени по тим и на „Катар 2022“.

Во УЕФА и неколку европски фудбалски лиги, бројот на дозволени замени веќе некое време е ограничен на пет, што се случува за првпат во историјата на Светско првенство.

Правилото „Голман со стапало на линија“ се примени и на Светското првенство оваа година. Според ова правило, голманите треба да имаат барем дел од стапалото на линијата за време на изведување пенал.

Напредна технолошка помош

На претходното Светско првенство на ФИФА во 2018 година, видеопомошниот судија (ВАР) беше претставен на фудбалската заедница, а оваа година ФИФА ја унапреди технолошката помош. „Полуавтоматска офсајд технологија“ беше новиот технолошки асистент претставен на „Катар 2022“.

Околу 12 камери, кои следат 29 различни делови од телото на секој играч, работат на прикажување на можен офсајд и прикажување во 3Д-анимација во оваа нова технологија.

Исто така, топките што се користат во меѓународната организација вклучуваат микрочип и сензори за насетување на секој допир и движење.

Жени судии

Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукансанга од Руанда и Јошими Јамашита од Јапонија се први жени судии кои судеа на натпреварите на Светското првенство 2022.

Французинката Фрапар стана првата жена што суди на машки натпревар на Светското првенство на ФИФА, натпреварот од групата Е меѓу Костарика и Германија кој се одржа на 1 декември. На натпреварот ѝ помагаа две жени, помошни судии, Бразилката Неуза Бак и Карен Дијаз од Мексико.

TRT Balkan

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK