ноември 24, 2024

Фудбалерот на Арсенал, Бен Вајт, пред десетина дена неочекувано го напушти кампот на Англија, по што од репрезентацијата и неговиот клуб објавија дека тоа се случило поради негови приватни проблеми.

Но, „Дејли мејл“ денеска објавува дека тоа не била вистина туку си заминал поради тоа што се степал со Стив Холанд, помошникот на селекторот Герет Саутгејт. Дефанзивецот, кој има само четири настапи за националниот тим, бил незадоволен бидејќи не добил ниту една минута во групната фаза, но и дека не бил во добри односи со соиграчите. Вајт, наводно, бил незаинтересиран на тимскиот собир пред натпреварот против САД, не ги знаел податоците за тренингот, ниту пак имал информации за следниот противник на Англија, што прераснало во конфликт со тренерот Холанд.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK