Шерифот Џозеф Лопинто изјавил дека жртвата била 54-годишната Јоланда Дилон, која била пронајдена во возилото со повеќе убоди по телото. Жртвата итно била пренесена во болница, но набргу таму починала.
29-годишниот Брендон Џејкобс го извршил нападот на паркингот на Травелодџ на автопатот Вестбенк, кога возачката го оставала во хотелот околу 15 часот во четвртокот. Осомничениот изјавил дека едноставно „се разбудил и решил дека ќе убие некого“, пренесува Sky News.
Џејкобс бил уапсен неколку часа по нападот и обвинет за убиство од втор степен. За време на прес-конференцијата во петокот, шерифот потврдил дека Џејкобс го признал убиството. „Тој призна дека се разбудил вчера наутро и одлучил дека ќе убие некого, дека тоа ќе биде негов ден“, рекол шерифот.
„Беше на задното седиште. Ја избоде одзади, излегол од возилото и лежерно си заминал“, рекол шерифот. Тој додаде дека Џејкобс снимил и објавил видео од жртвата на Фејсбук. Жртвата работела и како буџетски аналитичар во полицискиот оддел во Њу Орлеанс.
„Нашиот тим ова го поднесува доста тешко. Ќе ни недостига многу. Беше многу тивка, многу скромна. Значеше многу за овој оддел и тоа ги вознемири нашите вработени“, изјавил началникот на полицискиот оддел Шон Фергусон. Полицијата соопшти дека продолжува со натамошната истрага за да се утврдат сите околности на настанот.
Следете не, не има насекаде