ноември 23, 2024
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Р. (56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како што соопшти МВР, во својство на директор на средно училиште во Битола, во повеќе постапки за јавни набавки постапил спротивно од одредбите од Законот за јавни набавки за набавка на информатичка и аудио опрема, за промена на покривната конструкција и промена на надворешна столарија.

На тој начин, В.Р., како што се наведува, го оштетил буџетот на училиштето за сума од 738.862 денари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK