ноември 22, 2024

Јане Сандански (с. Влахи, Мелничко, 31. I 1872 – м. Пирин Планина Мелничко, 22. IV 1915) – е истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на ТМОРО – ВМРО. Од 1895 до 1897 година учествувал во четничкото движење организирано од ВМК, а од 1899 година преминал во ТМОРО. Јане Сандански ги поминал сите развојни фази од обичен борец, преку главен војвода, до командант на оперативен штаб. 

Бил еден од главните организатори на пленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес за кревање востание во 1903 година, но по започнувањето на востанието го извел Крстовденското востание во серскиот револуционерен округ.

Јане Сандански не бил основоположник на главните идеолошки и политички линии на македонското револуционерно ослободително движење. 

Такви биле Ѓорче Петров и Гоце Делчев, кои ги поставиле основните приниципи на македонската борба:
1. зачувување на внатрешниот карактер на борбата: самостојност,
2. државна оспособеност на Македонија.

Меѓутоа, тој се пројавил како најфанатичен приврзаник и најдоследен спроведувач на таа внатрешна идеологија. Јане не бил социјалист, туку национален револуционер со радикални разбирања, какви што биле насекаде сите национални револуционери.

Поголемиот дел од неговите соработници од интелегеницијата биле под влијание на социјализмот, меѓутоа тоа не влијаело врз неговата дејност.

Родолофо Фоа, во весникот L’Italia all’Estro, пишува дека Јане проповедал дека:
Македонците ќе ја ослободат Македонија без мешање на соседните држави: во Македонија не треба да има ниту Бугари, ниту Грци, ниту Срби, ниту Романци, ниту Турци, туку само Македонци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK