ноември 21, 2024

Величко Димитров Керин, познат уште како Владо Георгиев Черноземски или Владо Димитров Черноземски, како и псевдонимот Владо Шоферот е македонски револуционер активист на ВМРО, Черноземски е познат атентатор, поборник на тактиката на терористични акции . Во историјата останува запаметен како извршител на атентатот на кралот на Србија Александар Караѓорѓевич во 1934 година во градот Марсеј во Франција.

Владо Георгиев Черноземски – Македонски револуционер

Величко Димитров Керин е роден во с. Каменица на 19 октомври 1897 г. од татко Димитар Величков Керин е роден во с. Каменица во 1873 г. и мајка Риса Христоскова Балтаджиева е од истото село, родена во 1875 г. Крстен е на 26 октомври 1897 г. во црквата в с. Каменица. Величко има еден брат и две сестри. Како малечок Величко е кротко, добро дете.

Во 1922 г. станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, под името Владо Черноземски, Величко Керин влегува со чети во Македонија и се истакнува како многу храбар, извонредно спокоен и дрзок. За Черноземски неговиот најдобар другар Мирчо Кикиритков го изјавил следното : “Со Владо сме пријатели уште од детство. Во 1922 г. бил шофер на еден од камионите на тутунскиот трговец Каракостов во Дупница. За време на настаните во Ќустендил во 1922 г. го напушти шоферството и станува член на ВМРО. Владо влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати, во кој се покажал како многу храбар и извонредно спокоен, коешто спокојство достигнувало дури до дрскост. На неколку пати влегувал во Штип. Додека другите се криеле, тој најспокојно одел во крчмите да пие пиво, иако не знаел српски. Бил познат како ладнокрвен по карактер, бестрашен и еден од најдобрите стрелци во организацијата. Черноземски ја поседува и неопходната интелигенција за извршување на особено важни акции. Како на еден од најдоверливите лица во организацијата му се доверуваат исплонувањата на редица одговорни задачи.

Владо Георгиев Черноземски – Македонски револуционер

Во средината на македонските револуционери Владо се одликува со својата скромност, смелост и снаодливост, со што ја стекнува довербата и уважувањето на Тодор Александров, на раководителите на четите во Македонија, а подоцна и на Иван Михајлов. Паѓала в очи големата негова снаодливост и изобилие на идеи за практични работи. Се покажал дисциплиниран, со голема волја и главно решен на саможртва. Во сите разговори за акции, каде што тој учествувал, истакнувал дека не треба да се води сметка дали тој ќе остане жив или не, туку да се мисли само за успешното исполнување на планот. Така во 1927 г. тој му предлага на ЦК на ВМРО да се опаши со рачни бомби и да експлодира во главната заседувачка сала на друштвото на народите, за да го привлече на овој потресен начин вниманието за македонското прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеа со соодветна рекција од светската јавност.

Од 15 јули 1932,г. трагите во Софија му се губат. ВМРО раширила глас, дека е убиен по нејзина задача. Меѓутоа Величко Керин (Владо Черноземски) е испратен од ВМРО кај Анте Павелиќ во Хрватска како инструктор, во Јанка Пуста – Унгарија, како подготовка за покасно изведениот атентат врз кралот Александар.

Текстот продолжува подолу на страната 2

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK