мај 17, 2026

Не дај Боже да дојде ред ДПМНЕ да ја чува македонштината, тогаш сме изгубиле се. Да не беше Левица со два пратеника во Собранието ќе поминеа и уставни измени и се, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во гостување во емисијата Аргумент плус.

-ВМРО си пукаше во нога со таа изјава за широка влада, ние следната недела имавме 300 пристапници по таа изјава, а посекот ни е 30 пристапници неделно.

Тезата на Мицкоски е пролупана теза, дајте ни 61 се ќе биде историски пораз под тоа, обратно е , пораз за македонскиот народ ќе биде ако му даде 61 пратеник на Мицкоски односно ДПМНЕ, тие ги амнестираа хашките случаи, попис не успеа да спроведе… Дадете ли сега 61 пратеник на ДПМНЕ, крстете се, ја нема Македонија.

Оттука е нашата теза дека Левица мора да добие двоцифрен број на пратеници за моќта на уценување да се префрли од ДУИ во Левица, вели Апасиев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK