Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски го освои првиот трофеј со Динамо Загреб во новата сезона.
Динамо го освои трофејот во Супер купот на Хрватска со минималната победа над Хајдук од 1.0.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Батурина во 52.минута, по одличната кација во која учествуваа уште Петковиќ и Иванушец.
Ристовски натпреварот го започна во стратната постава, играше до 84.минута кога на неговото место влезе Мухарами.
Во финишот на првото полувреме црвен картон доби тренерот на Хајдук, Иван Леко.
The post Прво трофеј во новата сезона за Ристовски – Динамо го освои Супер купот на Хрватска appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
