мај 17, 2026

Од седми до десети септември во Кавадарци ќе се одржи традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Лепа Брена, Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена се дел од музичката понуда за оваа манифестација.

И годинава дел од програмата за „Тиквешки гроздобер“ се карневалското дефиле, културни настани, мото рели, таблијада, изложба на олд тајмери.

На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун.


The post Лепа Брена и Халид Бешлиќ ќе настапат на Тиквешки гроздобер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK