мај 17, 2026

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години го освои сребрениот медал на Европскиот шампионат Б дивизија што се одржуваше во Скопје откако во финалната пресметка загуби со 72:85 од селекцијата на Чешка.

Нашиот тим одигра одлична трета четвртина во која успеа да ја надомести негативата што до полувремето ја направија Чесите, но до крајот не успеа да се избори за комплетен пресврт.

Најпрецизен во нашиот табор беше Симиќ со 23 поени, а двоцифрен беше уште Петков со 14 поени.

Со пласманот во финалето, македонските кошаркари изборија место во А дивизијата за наредниот шампионат, првпат во оваа возрасна генерација по 2007 година.

The post ВИДЕО: Македонија сребрена на Европскиот кошаркарски шампионат во Скопје appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK