На социјалните мрежи е објавено драматично видео од ударот на подводните дронови на мостот на Крим, пишува Дејли мејл.
На видеото во близина на самиот мост се гледаат огромни огнени топки, а како што пишува британскиот таблоид, експлозиите се слушнале дури до блиските градови.
Објавена снимка од нападот на мостот на Крим! Подводни дронови предизвикаа страшни експлозии!
Судејќи по фотографиите од местото на настанот, еден сегмент од мостот паднал од потпорните столбови.
A video has surfaced that allegedly shows the explosion of the Crimean bridge at night. pic.twitter.com/6pzsFXisrG
— Spriter Team (@SpriterTeam) July 17, 2023
Да потсетиме дека рускиот национален антитерористички комитет денеска соопшти дека украинските „специјалци“ го нападнале мостот на Крим со подводни дронови кои можат да се движат по површината на водата.
Во нападот што се случи рано утринава загинаа Наталија (36) и Алексеј (40) Кулик, додека нивната ќерка е тешко повредена.
Следете не, не има насекаде
