мај 17, 2026

Приказната на  Ајдин Османовиќ (11) од Сребреник, БИХ добива нова епизода. Овој пат ќе се спојат децата на Македонија и Босна на концерт. Три деца во придружба на нивните професори ќе ги изведат најубавите македонски традиционални песни и босански севдалинки.

,, Децата се најголемото богатство на светот. Македонија, Босна и Херцеговина како и сите други земји од регионот имаат богато културно наследство. Нашата желба е низ оваа позитивна приказна да ги споиме тие две богатства, бидејќи ние немаме ништо повредно од тоа. Децата и традицијата заедно. ”, изјави професорот и ментор на Ајдин, Јасмин Брашњиќ.

Настапот ќе биде во Штип на 26 јули во 20 часот во Домот на културата ќе биде место каде ќе се создаде нова музичка приказна. Лина Костадинова, која има само 10 години, и која освен со својата виолина, одлично се снаоѓа и во пеењето, заедно со својот постар брат Драган Костадинов, кој има 14 години и освојува први места на голем број домашни и меѓународни натпревари по хармоника, заедно со ‘ Ајдин Османовиќ, кој преку соработката со својот ментор Јасмин Брашњиќ, успеа со посебни емоции мноштво македонски традиционални песни, преку музиката ќе направат нови мостови на пријателството.

 

The post Три деца од Македонија и БиХ ќе ги пеат најубавите македонски песни и севдалинки appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK