мај 17, 2026

Црвен метео аларм е активиран во земјите од регионот, поради високите дневни температури кои некаде и надминуваат 40 Целзиусови степени.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде предупредување за високи температури во цела Србија. Највисоките прогнозирани дневни температури се до 37°C, а продолжување на топлотниот бран се очекува во среда, кога локално се прогнозираат температурите до 40°C.

Црвен метеоаларм e издаден поради топлотен бран во четири хрватски региони – Книн, Риека, Сплит и Дубровник.
Портокалова тревога е во сила за регионот Осиек поради горештините.

Жолтиот аларм е во сила за Загреб, Госпиќ и Карловац, како поради горештините, така и поради можно невреме.
Подрачјето на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40°C поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK