мај 17, 2026

Капитенот на англискиот национален тим и член на Тотенхем, Хари Кејн, ја отфрли можноста за трансфер во Пари Сен Жермен. Доколку го напушти Лондон, Хари Кејн ќе замине во Минхен. Ова веќе им го соопштил јасно на челниците на ПСЖ кои се надеваа дека тој можеби ќе се пресели во Париз ова лето.

Хари Кејн одлучил да игра за Баерн Минхен, доколку го напушти Тотенхем до крајот на летниот преоден рок.

Сепак, досега Тотенхем одби две понуди на Баерн Минхен за својот најдобар играч. Последната изнесуваше 80 милиони евра, а Тотенхем не размислува за продажба за сума под 100 милиони евра.

The post Хари Кејн не сака трансфер во Пари Сен Жермен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK