мај 17, 2026

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ остро го осудува вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24 Иван Камчев при што напаѓачот ја оштетил опремата.

Колегата Камчев враќајки се од денешно снимање со колега од МРТВ на патот Градско-Прилеп кај Росоман се биле биле сведоци на сообраќајна несреќа. Во обид да го документираат настанот снимателот Камчев бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена неговата опрема.

Во телефонски разговор веднаш по немилиот настан, колегата Камчев го пријави случајот во ЗНМ и изјави:

,,Само што почнав да снимам инсерти, лицето се доближи до мене почна да вика предавници новинари, само некакви права барате и ни се обрати со погрдни зборови. Неколку пати замавна по мене и еднаш успеа да го погоди сталакот и ја оштети камерата.”

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи СВР Велес од каде имаме информација дека веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот.

ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.

Потсетуваме дека напад на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

The post Снимателот на ТВ24 Иван Камчев физички нападнат на патот Градско-Прилеп кај Росоман appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK