мај 17, 2026

Крилото на Ливерпул, Луис Дијаз е последниот играч од Премиерлигата кој се поврзува со трансфер во Саудиската Про лига, откако според португалскиот „Рекорд“, Ал-Хилал понудиле 50 милиони фунти за колумбискиот репрезентативец.

Дијаз е само 18 месеци на „Енфилд“, пристигнувајќи во јануари 2022 од Порто, и минатата сезона отсуствуваше долго време поради повреда, но не се очекува Ливерпул да „попушти“ пред ваква понуда. Со неизвесна иднина на Џордан Хендерсон и Фабињо, Ливерпул не смее да дозволи да загуби уште еден важен член на тимот.

Тимот на Јирген Клоп ќе игра пријателски меч со германскиот Карлсруе на 19 јули, пред да заминат во Сингапур на азиска турнеја.

The post Ал-Хилал даваат 50 милиони фунти за Луис Дијаз appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK