Полицијата во Лас Вегас во понеделникот вечерта упадна во куќа на маж за кој мислат дека е поврзан со смртта на Тупак, пренесе ABC. Американскиот рапер беше застрелан на 7 септември 1996 година, а од повредите почина шест дена подоцна во болница. Имаше 25 години, а полицијата не уапси никој.
„LVMPD може да потврди дека на 17 јули 2023 година, во Хендерсон, Невада, е издаден налог за претрес, како дел од тековната истрага за убиството на Тупак Шакур“, се вели во соопштението на полицијата во Лас Вегас и додадоа дека во овој момент немаат дополнителни коментари.
За време на неговата кратка, но плодна кариера, Тупак продаде повеќе од 75 милиони плочи ширум светот, вклучувајќи го и дијамантски сертифицираниот албум All Eyez on Me, во кој беше вклучен и хитот California Love Remix.
Тупак исто така беше примен во Рокенрол Куќата на славните во 2017 година. На почетокот на месецов доби и ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес, која ја откри неговата сестра во име на семејството на покојниот рапер.
„Стоењето овде и претставувањето на семејството Шакур го исполнува моето срце со чест“, рече сестрата на Шакур, Секива ‘Сет’ Шакур.
The post Полицијата во Лас Вегас упадна во куќа на маж за кој мислат дека е поврзан со убиството на Тупак appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
