мај 17, 2026

Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од утре до 28 јули почнува новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“. Сцената ќе биде отворена утревечер со изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија што се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама. И оваа година манифестацијата ќе понуди повеќе културно-забавни содржини, со историски часови, презентации на трудови, проекции на документарни филмови, панорамски прошетки, изложби, спортски активности…Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески – Мац . Здружението „За Трпејца со љубов“ освен културолошка димензија и градење публика за културни настани во една селска средина има за цел и реализација на забавни содржини кои ќе ја подигнат туристичката понуда на Трпејца која е веќе позната на туристичката мапа во Македонија.


The post Во Трпејца почнува манифестацијата „На зајдисонце“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK