мај 17, 2026

Американската глумица и оскаровка Рене Зелгер се сврши со десет години помладиот телевизиски водител Ант Анстед. Двајцата се во врска од 2021 година, а Рене, на пријателите им открила и дека веќе ја планираат свадбата. Извор близок до нив рече дека се лудо заљубени и едвај чекаат да се венчаат.

За потсетување, ѕвездата на филмот „Бриџит Џонс“ претходно беше во брак со кантри-ѕвездата Кени Чесни, со кого се разведе четири месеци по свадбата, во 2005 година.

Претходно беше кратко свршена и со Џим Кери од 1999 до 2000 година. Беше поврзувана и со глумецот Бредли Купер, по снимањето на нивниот филм „Случај 39“ во 2009 година.


The post Рене Зелвегер се сврши со десет години помладиот партнер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK