мај 17, 2026

Брза помош интервенирала во домот на француската филмска ѕвезда Брижит Бардо, откако се пожалила на проблеми со дишењето.

Службите за итни случаи биле повикани во домот на 88-годишната актерка на југот на Франција во средата вечерта, потврдил сопругот на актерката Бернард Д’Ормале.

Имено, откако ја потврдил веста, Бернард додаде дека на Брзата помош првично и била дадена погрешна адреса.

“Беше околу 9 часот кога Брижит имаше проблеми со дишењето. Нејзиното дишење беше посилно од вообичаено, но не ја изгуби свеста”, објаснувал сопругот на Бардо.

Болничарите и дале кислород и извесно време останале во куќата на парот за да ја набљудуваат.

The post Поради проблеми со дишето, брза помош интервенирала во домот на Брижит Бардо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK