Јавноста се сензибилизираше до крајни граници откако беше „срушена“ пресудата за ТАРТЕТ-ТВРДИНА. Особено затоа што се говореше деновиве многу за тоа колку е КОРУМПИРАНО ОПШТЕСТВОТО, а посебно СУДСТВОТО. Со право деновиве сите што се заинтересирани се прашуваат кои се судиите кои што ја донеле оваа одлука и зошто!
Дали истите судии се провлекуваат и во други случаи, кои сериозно ја поткопуваат вербата во судството??
Зошто се чекало 11 дена за да се извести јавноста??
Меѓутоа она што е индикативно е дека овие судии почекале 11 дена по носењето на нивната одлука и за да замине во меѓувреме американскиот тим кој истажуваше корупција, за да ја соопштат истата на јавноста.
Кои се судиите што ја донеле одлуката за „ослободување“ на Мијалков?
Советот бил составен од петте судии поименично: Јани Нича, Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева.
Меѓутоа она што е индикативно е дека овие судии почекале 11 дена по носењето на нивната одлука и за да замине во меѓувреме американскиот тим кој истажуваше корупција, за да ја соопштат истата на јавноста.
„Првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“, соопштија од Апелациониот суд за „Тврдина таргет“.
Призма по овој повод напишаа:
Кои се судиите што ја донеле одлуката за „ослободување“ на Мијалков?
Покрај последните укинати „Трезор“ и „Таргет-Тврдина“, и денот кога е укината пресудата за „Титаник 2“, е петок, само годината е 2020.
Среќните петоци за Мијалков, судејќи по реакциите во јавноста, во основа се несреќни за граѓаните, кои на големо коментираат дека веќе е потоната секоја надеж за правната држава.
И бидејќи ова е трета по ред укината пресуда за Мијалков, веднаш се подгреаја шпекулациите дека некој вмешал прсти во правораздавањето.
Во советите што одлучуваа за Мијалков има судии што пресудувале во сите три укинати предмети за поранешниот прв човек на тајната полиција. Но, нивните имиња се за некоја друга анализа…
Следете не, не има насекаде