мај 17, 2026

Најмалку 34 лица загинаа, а 12 се повредени во судир на автобус и автомобил во Алжир, соопшти алжирската противпожарна служба.
Несреќата се случила во средата околу 4 часот по локално време во градот Таманрасет, кој се наоѓа на околу 1.500 километри јужно од главниот град на Алжир.

Хорор без преседан! Автобусот се запали, најмалку 34 загинати!

По судирот избувнал пожар при што изгореле 34 лица – се наведува во соопштението.

Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Алжир.

Минатата година, според официјалните информации, во сообраќајни несреќи загинале 907 лица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK