мај 17, 2026

Принцот Хари и Меган Маркл моментално се разделени, наводно поради потешкотии во нивниот брак, објави „Пејџ сикс“.

„Тие се обидуваат да откријат што ги снајде. Хари не се вклопува во кичестиот холивудски свет на Меган“, рекол неименуваниот извор.

Во меѓувреме, страницата на Инстаграм „Deuxmoi“, која објавува озборувања за познатите личности, објави дека парот ја продала својата куќа во Монтесито во округот Санта Барбара и дека Хари живее на друго место, одвоено од Меган.

Сепак, извор близок до парот ги демантира шпекулациите за наводната разделба на парот.

„Тоа не е вистина. Буквално се е измислено“, рекол тој.

The post Хари и Меган се разделија, пишуваат американските медиуми appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK