The post Почина легендарниот кошаркарски тренер Мирко Новосел appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекадеЕден од најтрофејните европски кошаркарски тренери, Мирко Новосел, почина на 85 години. Беше творец на легендарната генерација на Цибона во осумдесетите и примен во кошаркарската Куќа на слваните.
Четрнаесет години играше во Локомотива од Загреб, каде ѝ ја почна тренерската кариера. Откако ги донесе Крешимир Ќосиќ и Дражен Петровиќ, трипати стана првак на Југославија со Цибона и двапати го освои Купот на европските шампиони.
Со Југославија освои сребрен медал на Олимписките игри 1976 во Монтреал и бронза на Олимписките игри во 1984 во Лос Анџелес. Беше и двократен европски и светски вицешампион. На клупата на Хрватска беше трет на Европско во 1993, а во 2007 стана член на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.
The post Почина легендарниот кошаркарски тренер Мирко Новосел appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде