мај 16, 2026

Лангош е познат унгарски специјалитет, но многу е популарен и на Балканот, а домаќинките со задоволство го подготвуваат.
Ова тесто е познато и специфично поради едно нешто, а сигурни сме дека ќе ве воодушеви.

Состојки:

300 грама брашно;1 децилитар млеко;1 децилитар вода;25 грама свеж квасец;1 лажичка сол;Половина лажичка шеќер;Масло за јадење.

Состојки за фил:

3 чешниња лук;180 грама павлака;200 грама кашкавал.

Подготовка:
Во топло млеко ставете го квасецот и шеќерот, добро измешајте, па оставете го да отстои 10-на минути за квасецот да се активира.
Во подлабок сад ставете го брашното и солта, па направете вдлабнатина во која ќе го додадете активираниот квасец и малку вода. Месете додека не добиете средно-меко тесто. Садот покријте го со крпа, па оставете тестото да нарасне.
Во тенџере ставете масло за јадење, па со влажни раце кинете парчиња од тестото по желба и разблечете го. Спуштете го тестото во загреано масло и пржете додека не зарумени.
Во посебен сад измешајте ја павлаката и исечканиот лук, па овој фил може да го ставите на секоја мекица и над нив изрендајте кашкавал.

На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK