мај 16, 2026

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека од денес, 21 јули, Украина ќе ги смета сите бродови кои пловат низ Црното Море до руските пристаништа како воен товар.
„Министерството за одбрана на Украина предупредува дека од 21 јули 2023 година, од 00:00 часот, сите бродови во областа на Црното Море кои пловат кон пристаништата на Руската Федерација и украинските поморски пристаништа, кои се наоѓаат на територијата привремено окупирана од Русија, може да се сметаат од властите во Киев како бродови што ги превезуваат ризичните канали на релевантниот оддел на Телеграм.

Црното море зоврива, пекол на повидок! Украина за мети ги прогласи бродовите што пловат кон руските пристаништа!

Во соопштението на украинското министерство се наведува дека од денеска е забранета како опасна пловидбата во областите на североисточниот дел на Црното Море и Керченскиот теснец.

Претходно руското Министерство за одбрана објави дека од денеска сите бродови кои пловат низ Црното Море до украинските пристаништа се потенцијални носители на воен товар и соодветно на тоа се легитимни цели.

Украинското Министерство оцени дека Русија „брутално го прекршила универзалното право на слободна пловидба“ и „намерно ја поткопува безбедноста на храната“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK