мај 16, 2026

Бившата учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Емина Туфо се омажи со својот партнер по шест години врска. На свадбата и дојде Зоринца Брунцлик која ги забавуваше гостите.

„Иако сакавме да бидеме тајна, сепак драго ми е што и медиумите дознаа за венчавката. Немам проблем убавите вести да се слушаат далеку“, рече Емина.

За Зорица Брунцлик рече дека ѝ пеела на свадбата и дека нивното пријателство трае уште од времето кога таа била дел од „Ѕвездите на Гранд“.

„Пријателството ни трае веќе седум, осум години, уште од „Ѕвездите на Гранд“. Многу ме сакаше, а јас пораснав слушајќи ги нејзините песни. Со години си праќавме пораки, си честитавме празници, потоа дојде моментот да се омажам. Со сопругот се договоривме да ја замолиме да ни дојде на свадба. Ги остави сите нејзини обврски и прифати. Јас пак бев на крштевката на нејзината внука“, рече Емина.

 

The post (Фото) Се омажи ѕвездата на „Гранд“ Емина Туфо, а Зорица Брунцлик ѝ пееше на свадба appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK