мај 16, 2026

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и подари на сопругата Веселка автомобил од марката Range Rover, пишува „Фокус“. Белиот автомобил пристигнал на нивната адреса и ја изненадил Јанчева.

Јанчев вели дека секоја жена заслужува љубов и почит од страна на својот сопруг, бидејќи според него жената е столб на семејството.

Со сопругата сме заедно 25 години и таа секогаш стоела покрај мене, во добро и во лошо. Родители сме на три деца, заедно ги воспитуваме на вистинските вредности, а семејството за нас не би рекол дека е приоритет, туку дека е се!
Новиот автомобил кој и го подарив на сопругата е само гест на внимание, на благодарност за сето она кое таа значи за мене и за нашето семејство, за нејзината пожртвуваност. Растен сум во фамилија каде семејните вредности се светост, ја продолжуваме таа традиција- вели градоначалникот за Фокус.

Јанчев додава дека не е важен подарокот, туку вниманието пред се, и за него мажите кои си ги почитуваат своите сопруги и кои ја покажуваат својата љубов кон нив, се луѓе во вистинскиот смисол на зборот.

The post Кавадаречкиот градоначалник Јанчев ја изненади сопругата со автомобил од 240.000 евра appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK