Узурпирани градските плажи во Струга. Долж езерото изградени се бесправни објекти и паркинзи а со поставените лежалки граѓаните се спречени да ги користат капалиштата.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Деребан обвинува дека плажите не се издадени под концесија туку истите се узурпирани што е казниво со закон.
На струшкиот брег за безбедноста на капачите ангажирани се само двајца спасители.
Екологистите пак во неколку наврати предупредуваа дека спротивно на препораките на УНЕСКО зелените површини и деловите на трската долж брегот се претворени во приватни плажи.
The post Плажите во Струга не се под концесија, туку се узурпирани на диво appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
